cheques-2672195_960_720

Фото: Pixabay

Чекот е платежно средство со коешто едно лице наредува на друго лице да исплати определена парична сума во зависност од износот на самиот чек. Почетокот на чекот како платежно средство и негово ставање во оптек започнува уште од 15-то век и тоа во Италија, а како платежно средство, најмногу било користено во текот на 19-от век.

Основна функција на чекот е тоа што одлуката за негово користење се зема од страна на издавателот на чекот, односно тоа е еднострано средство на плаќање.

Чековите мора да бидат напишани на лице или на бизнис. Чекот на којшто нема напишано име или компанија доколку се изгуби, може да припадне на секој што ќе го пронајде. Чекот што е напишан на лице, но нема напишано износ на пари, пак, е празен чек. Чековите се користат од пред повеќе од илјада години, меѓутоа, тие станаа популарни во 20-от век, за наплата без да се користат парите како средство.

Четирите главни делови на секој валиден чек се:

  • Лицето кое ги дава парите;
  • Лицето кое ги добива парите;
  • Банката којашто ги плаќа парите за чекот;
  • Износот што треба да се плати;

Кога чековите добија масивна употреба, додадени се повеќе работи за да се направат посигурни и полесни за следење.  Потписот на чекот е главен начин да се докаже дали чекот е валиден.

Датуми за издавање исто така се додадени на чековите. Едно лице не може да добие пари од чек чијшто рок на исплата е поминат.

Често се користат и броевите за проверка. Секој чек има контролен број, со цел луѓето да не можат да добијат пари два пати од еден чек.