Даночната постапка се однесува на правила и операции во врска со примената на даночните прописи и реализацијата на данокот. Таа ги опфаќа разрезот и наплатувањето на данокот.

За разрезот на данокот потребно е утврдување на основните елементи на данокот:

  • утврдување на даночниот обврзник,
  • даночната основица и
  • даночната стапка.

Даночниот обврзник ce утврдува врз основа на даночната пријава што се поднесува до даночниот орган (од самите обврзници), по пат на попис што го врши самиот даночен орган или со воспоставување на трајни и систематизирани евиденции.

Даночната основица ce утврдува со разни методи:

  • административно, со пријавување на основицата од самите даночни обврзници,
  • со комисиско утврдување,
  • нормативно врз основа на определени објективни факти.

Даночната стапка ce утврдува однапред со закон. По утврдување на овие елементи за разрез на данокот, ce пристапува на определувањето на даночното оптоварување и реализација на данокот.