Декларација значи изјава, односно официјален документ за запишување на определени податоци.

Таа може да се дефинира и како официјално и свечено објавување, прогласување на основни
принципи, сфаќања и др.

Во стопанството декларација како збор се врзува за стоката. Во комерцијално-правната практика декларација значи вкупност на сите информации што производителот или трговецот ги дава за својот производ на амбалажата, на оригиналното пакување или во друга форма (проспект, спецификација).

Kaj многу стоки ce наведуваат и услови и начин на употреба, рок на траење, начин на чување и др. Постои и царинска декларација, односно пријавување на стоката за царинење.

Декларација може да биде и изјава за содржината на поштенските пратки (поштенска декларација), потоа пријава со податоци на имотот и приходот за оданочување (даночна пријава/декларација).