Девизен пазар е институција на пазарното стопанство, којашто претставува вкупен редовен однос меѓу понудата и побарувачката на девизи, односно редовна купопродажба на девизи за домашна валута или други валути, на определено место и определено време и според утврдени правила на однесување на организираниот пазар или девизната берза.

Toj е специфичен пазар, бидејќи ce тргува со девизи како специфична стока. Девизниот пазар е еден сегмент на пазарот во поширока смисла и еден сегмент на финансискиот пазар. На девизниот пазар ce формира цената на девизите во домашна валута, односно ce формираат девизните курсеви по кои ce врши размената на девизите во зависност од квантитативните односи меѓу понудата и побарувачката. Ha девизниот пазар има посебно влијание домашната монетарна власт (централната банка).

Соодносот меѓу понудата и побарувачката на девизи на девизниот пазар претставува индикатор на состојбата на билансот на плаќањето на една земја со странство. Освен на организираниот пазар, продавање и купување девизи ce врши и во форма на непосредна размена меѓу претпријатијата, банките и поединците, домашните и странските резиденти. Како сегменти на девизниот пазар ce јавуваат и таканаречениот „сив пазар” на „сивата економија” и „црната берза” .

Co оглед на важноста, девизниот пазар ce регулира, а ce воведуваат и извесни ограничувања и девизна контрола. Во тој склоп спаѓа и дејноста на Меѓународниот монетарен фонд (којшто ce ангажира во одржувањето стабилни девизни курсеви и уредни интервалутни односи меѓу членките на Фондот).

Фото: Pexels