Фото: Pexels

Доверител е физичко или правно лице што дава на заем, односно отстапува право на располагање на некоја сума пари, стока или некој друг предмет на заемопримачот, односно на должникот што тоа право го користи одредено време и под одредени услови, коишто cе утврдуваат во облигационо– правниот однос.

Во случај должникот да не ja изврши својата обврска (да го врати позајменото, на време, со надомест), доверителот може своето право да го оствари по присилен пат, преку суд. Доверителот уште cе вика и заемодавач, додека спротивно од заемодавач е должник. Доверител и/или должник– може да биде банка, правно лице или поединец.

Доверители се пријавуваат и кога на пример некоја фирма оди во стечај, па доверителите се пријавуваат до стечајниот управник, за да им се исплати заостанатиот долг.