Фото: Pixabay

Eвропски монетарен систем претставува монетарен систем којшто го воспоставила Европската заедница во 1979 година со цел да ги стабилизира меѓусебните односи на валутите на земјите членки.

По правило секоја земја членка е обврзана да ја одржува вредноста на својата валута во рамките на дадениот паритет (2,25%) во однос на европската парична единица, којашто беше дефинирана како определена комбинација на валути на земји членки. Централната банка на секоја земја ја одржува вредноста на својата валута по пат на интервенција на пазарот на девизи, а во тоа со свои операции можат да и помогнат и другите централни банки.

Имајќи предвид дека со тие интервенции се влијае на количината на пари во оптек, што може да придонесе да влијае и на каматните стапки за таа валута. Движењето на краткорочниот капитал под влијание на очекуваните разлики во каматни стапки ќе влијае на промена на односите на понудата и побарувачката за секоја, што ќе овозможи нејзината вредност да остане во рамките на зададениот паритет.

Но, доколку под влијание на различните стапки на инфлација дојде до толкава промена на куповната сила на поединечна валута што централната банка не ќе може повеќе со своите интервенции да го воспостави стариот паритет, во таков случај таквата земја со согласност на Европскиот фонд за монетарна соработка може да го промени паритетот на својата валута.