Фото: Pixabay

Физичко лице е личност како субјект на правото.

Физичко лице станува секое лице од моментот на раѓањето па се до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото тоа мора да исполнува два предуслови, да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања.

Секое физичко лице има правна и деловна способност.

Правната способност на физичкото лице е единствена и неделива значи таа не може да се намалува или пак ограничува. Во современиот свет, правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската или која било друга припадност. Може да се намалува деловната способност на физичкото лице, но не и правната. Правната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото, да биде носител на правни овластувања.

Деловната способност на физичкото лице како субјект на правото е да може самостојно со свои дејствија да учествува во правниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.