Фото: Pixabay

Флуктуација е менување на економските појави, односи и процеси.

Флуктуацијата на одреден економски феномен (цена, труд, понуда, побарувачка, вработување, итн.) се разликува од флуктуацијата на целокупната активност на социјалната економија.

Во економијата најчесто се споменуваат и случуваат сезонски флуктуации. Тие се сосема нормални, речиси вообичаени и неизбежни следбеници на економската активност на општеството во случај на созревање на земјоделски производи, сезонска побарувачка за туристички услуги и слични процеси.

Во макроекономијата се појавуваат и циклични и случајни флуктуации. Типичен пример за цикличните флуктуации се т.н. коњуктивни циклуси, а карактеристично за случајните флуктуации е тоа што се случуваат одеднаш, неочекувано, всушност, речиси и да не можат да се предвидат. Таков е примерот со флуктуација на девизниот курс на некоја валута.

Сепак, флуктуација не е процес што се случува преку ноќ. Па затоа, често се вели дека првите симптоми на појава на флуктуација укажуваат дека на пример во една компанија, работите не одат на добро, без оглед на видот на флуктуацијата.