Фонд за амортизација е фонд што во парична форма ce формира со амортизацијата на основните средства. Во процесот на производство, средствата на трудот целосно учествуваат, но постепено физички ce
трошат. За колкав дел ce трошат за толкав дел ce смалува нивната вредност. Таа потрошена вредност ce пренесува и калкулира во вредноста на произведениот производ, a ce нарекува амортизација.

Co продажбата на производите ce остварува и амортизацијата на основните средства. Во парична форма оваа вредност (амортизација) ce внесува во определен фонд, наречен фонд за амортизација. Toj служи за замена, односно обновување на потрошените основни средства. На тој начин фондот врши функција на проста репродукција на основните средства.

Вкупната вредност на основните средства останува непроменета. Оној дел што е амортизиран ja напушта материјалната форма и преоѓа во парична.

Амортизационен фонд исто така се нарекува и фондот од кој државата ги отплатува своите заеми.