Фото: Pixabay

Иако станува збор за странски изрази, овие поими имаат честа употреба во бизнис светот.

Па така, front office претставува сегмент од компанијата што има директен контакт со клиентите. Вработените во front office најчесто работат во оддел за маркетинг или продажба, односно се најистурените “играчи“ на секоја компанија. Тие имаат потреба од непосредна комуникација со клиентите, разговараат со нив лично или по мејл.

Како синоним за вработен во front office може да бидат брокери или дилери, бидејќи тие работат по налог на својот клиент, му нудат услуга, а врз основа на тоа ја остварува потребната заработка.

Од друга страна, back office го претставуваат оној дел од компанијата што нуди целосна поддршка на вработените во front office. Овие лица работат во “позадина“, ги преземаат сите мерки да можат клиентите да ги добијат услугите и производите што ги нудат “истурените“ вработени. Иако се невидливи за клиентите, тие се мошне важна логистика и за нив и за своите колеги.

Задача на овие вработени може да биде евиденција, пресметка, водење на благајна, сметководство и слично.