euro-447209_960_720

Фото: Pixabay

Фундирање е процес на конверзија на краткорочни во долгорочни обврски. Најчесто се спроведува со емитување на долгорочни долгови при што се подмируваат краткорочните обврски.

На тој начин фундирањето претставува процес на консолидација на неповолните односи помеѓу временски неусогласените делови на активата со делови на пасивата.

Во поширока смисла, фундирање означува процес на зголемување на долгорочните долгови на фирмата, всушност, процес на финансирање на долговите.