money-icon-3245628_960_720

Фото: Pixabay

Главница во банкарска смисла може да биде износ на пари што се депонира во банка, па врз основа на износот се утврдува и каматната стапка. На пример, при основање на ново претпријатие, потребна е основна главница или непарична форма за отпочнување на бизнисот. Износот на главницата се впишува во судски регистар. Основната главница е менлива категорија и може да ја менува само основачот на претпријатието или друштвото на основачи.

Главница се поистоветува и со капитал, чист имот/богатство; извор на средства со коишто тргува претпријатието или претприемачот.

Главница најчесто се споменува при подигање на кредит. Во тој случај, главницата го претставува оној износ на пари коишто се зајмени од банката во вид на кредит. Што се однесува до отплата на главницата, таа најчесто се отплаќа во ануитети, а може и на рати.

Ануитет подразбира отплата на главницата и каматата, а рата е отплата само на главницата.