Холдинг компанија може да се дефинира како компанија којашто поседува дел или цели други компании, коишто ги контролира и работат во нејзин интерес.Тие не ja губат својата формална самостојност, работат како своја фирма, но под контрола и во интерес на холдинг компанијата.

Холдинг-компанијата обично не произведува стоки или услуги. Наместо тоа, нејзината цел е да поседува акции на други компании за да формира корпоративна група. Холдингот овозможува намалување на ризикот за сопствениците и може да дозволи сопственост и контрола на повеќе различни компании.

Таа е всушност еден вид на акционерско друштво што пласира свои финансиски средства во други акционерски друштва.

Холдинг компанијата е една од формите на монополски сојуз. Овој вид компании почнаа да ce основаат во САД по 1887 година како форма на организација на акционерскиот монополски капитал поради заобиколување на законот против трустовите, како претставници на монополите.