belgium-antwerp-shipping-container-163726

Фото: Pexels

Со постапката на извоз, царинскиот орган одобрува домашна стока да се изнесе од царинското подрачје. Извозот вклучува примена на формалности за извоз, мерки на трговската политика, и ако е пропишано, плаќање на извозни давачки. Со извозот, извезената домашна стока го менува статусот во странска стока.

Домашната стока пријавена за извоз се наоѓа под царински надзор од моментот на приемот на царинската декларација па се до изнесувањето на стоката од царинското подрачје на државата. Тоа значи дека пуштањето на стоката за извоз се одобрува под услов стоката да се изнесе од царинското подрачје во иста состојба (вид и количина) во којашто се ноаѓала во моментот на прифаќање на извозната царинска декларација.

Стоката којашто се става во извозна постапка не се пушта да се извезе доколку не е пломбирана.

Пломбирањето се врши на просторот во којшто се наоѓа стоката, од транспортното средство, како погодно за пломбирање или на секој поединечен колет во останатите случаи.

Ако стоката се извезува преку железница, пошта, преку авио или воден пат, царинскиот орган при излез е оној орган во којшто се превзема стоката за транспорт во друга земја од страна на изведувач на железничка компанија, поштенските служби, авио или езерските компании. Тој царински орган го заверува излегувањето на стоката.