Фото: Pixabay

Јавно приватно партнерство претставува соработка на тела од јавната власт со приватниот сектор, било на средно или на ниво на локална заедница, со цел задоволување на некаква јавна потреба.

Според нашето законодавство, јавно приватното партнерство е форма на договорно регулирана, долгорочна соработка меѓу јавниот и приватниот партнер има неколку карактеристики, меѓу кои одвојуваме: приватниот партнер ја презема обврската да обезбеди јавна услуга за крајните корисници или обврска за јавниот партнер да обезбеди неопходни предуслови за давање на јавна услуга на крајните корисници или активности од негова надлежност; приватниот партнер можеда преземе обврска да: финансира, дизајнира, изгради, реконструира или реновира објект на јавна инфраструктура; приватниот партнер презема значаен дел од ризиците поврзани со финансирање, изградба и слично, зависно од договореното; секој партнер во јавно приватно партнерство за времетраење на јавното приватно партнерство ќе преземе одговорност за ризични настани што се во негова сфера.

Во зависност од намената на средствата за надоместување од страна на јавниот партнер за обезбедување јавна работа или јавна услуга, како и распределбата на клучните постојни ризици, јавното приватно партнерство може да се воспостави како: концесија за јавна работа; концесија за јавна услуга; договор за јавна набавка на работа или договор за јавна набавка на услуга.

Договорот за концесија на добра од општ интерес и договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство во Македонија се склучуваат за период до 35 години, а свои потписи ставаат јавниот партнер и избраниот најповолен понудувач.

Иако теоријата одамна го препознава овој термин, во пракса од неодамна почна да се користи. Експертите очекуваат во иднина бројот на јавно приватни партнерства да забележи пораст, најмногу поради недостиг на државни пари и покрај зголемените потреби за јавни добра. Целта на соработката меѓу овие два сектора е средствата и знаењето на приватниот да се стави на располагање на јавниот сектор и да се понудат производи или услуги за доброто на сите.

Јавната власт, во овој партнерски однос, ги одредува целите на заедничкиот проект, водејќи сметка за јавниот интерес и квалитетот на услугите, додека приватниот партнер ја затвора финансиската конструкција и ги имплементира (гради) проектите. Интересот за приватниот партнер ја гледа во наплата на услуги од корисниците на објектот преку концесија или некој друг облик на договорена наплата.