Фото: Pexels

Кооперација е соработка, соработување, односно здружено работење. Соработка на поголем број луѓе што учествуваат во една одредена работа во исто време и по утврден план. Позната е простата капиталистичка кооперација, кај која наемните работници, под раководство и команда на сопственикот на средствата за производство, напоредно извршуваат иста работа, во ист простор и време. Иако ce работи со рачни алати, има предност во однос на самостојните занаетчии. Капиталистичкиот начин на производство почнува со овој облик на труд.

Со воведувањето поделба на трудот, простата кооперација ce преобразува во сложена кооперација наречена мануфактура којашто понатаму ја развива продуктивноста на трудот, a co индустриската револуција мануфактурата е заменета со фабриката, што претставува облик на кооперација, заснована врз машинско производство.

Во современи услови кооперацијата добива разновидни облици на примена, како на пример кооперација на претпријатија од земјата, пa дури и од странство, што означува специјализација за некој вид производство и меѓусебна соработка во создавањето на готовиот производ, кооперирање меѓу производствени гранки и стопанствата меѓу одделни држави.

Кооперација во земјоделството – облик на производна соработка меѓу индивидуалните земјоделски производители и стопански организации (земјоделски стопанства, земјоделско-индустриски комбинати, задруги, фабрики, трговски организации), заснована врз заеднички економски интереси.