Фото: Pexels

Терминот кореспондент може да се дефинира различно, во различни области. Овој термин може да биде  “даден“ на банка, брокер, дилер или финансиска институција што дејствува во име на друга финансиска институција со ограничен пристап до финансиските пазари.

1. Кореспондент може да биде службеник што води преписка во некое претпријатие;

2. Во банкарствотото, банка кореспондент е онаа банка што на своето подрачје, за сметка на друга банка, врши вообичаени банкарски трансакции; ако некоја банка сака на одредено подрачје во земјата и во странство почесто да врши банкарски работи за своја сметка, или за сметка на своите комитенти (исплати, наплати, отворање акредитиви, разни девизни операции), a не сака на тоа подрачје да отвори свои филијали, тогаш таа воспоставува таканаречени кореспондентски односи coдруги банки и ги користи нивните услуги;

3.Корсепондент може да биде и дописник на некој весник, радио, телевизија или новинска агенција којшто испраќа дописи од некое место за актуелната состојба.