Кредит е еден вид на имотно-правен однос меѓу доверителот (кредиторот) и должникот (заемопримателот), во којшто доверителот му отстапува на другото лице одредена вредност во пари или стока, на одредено време, со одреден надомест.

Во современи услови главни кредитори ce банките, чијашто основна функција ce состои во собирање на слободните парични средства од стопанството и други сопственици на пари и преку кредити (позајмување) да ги активираат во стопанството за потребите на производството и прометот.

Постои и таканаречен кредитен пазар на којшто висината на каматната стапка ја одредуваат понудата и
побарувачката на кредитот, односно на заемовниот капитал, и обратно, обемот на понудата и побарувачката на заемовен капитал го одредува висината на каматната стапка.

Поделабата на кредитите е различна.

Според предметот, ce разликува стоковен или комерцијален и паричен или банкарски кредит. Функцијата на првиот ce состои во олеснување на продажбата на стоката (ce дава во стока, a ce враќа во пари), додека на вториот е добивање интерес (ce дава во пари и ce враќа во пари со интерес).

Според целта, кредитите ce даваат за стопански, потрошувачки и државни потреби.

Според стопанската намена, ce даваат за обртни и основни средства или инвестициони кредити. Според роковите на враќање, ce делат на краткорочни, среднорочни и долгорочни. Хипотекарните кредити ce даваат
врз основа на залог на недвижен имот на должникот.

Според обликот постојат: есконтни кредити, ломбардни кредити, кредити по тековна сметка, нa акцептен, авален и др.

Според доверителот кредитите можат да ce поделат на приватни и јавни, на домашни и странски. Најчесто кредитот ce изразува во пари , настанува и гасне во пари, пa затоа парите и кредитот ce најтесно поврзани.

Фото: Pixabay