Купопродажба е однос меѓу купувач и продавач што ce регулира со договор, со којшто продавачот ce обврзува уредно да му предаде на купувачот извесен предмет (стока) или право, на него да го пренесе правото на сопственост (односно право на користење) над тие предмети и да му гарантира на купувачот за одредени својства на предметот, а, пак, купувачот презема обврска да ја прими и да му ја плати на продавачот договорената цена.

Договорот може да ce заклучи во писмена форма, усно, по пат на кореспонденција, со помош на средствата за врска (телефон, телеграма, телепринтер), преку полномошници и сл.

Освен општиот облик на купопродажба, постојат и посебни облици: купопродажба на инвестициони средства, транспортни средства, електрична енергија, продажба според мостра, продажба на проба, продажба на кредит итн.

Фото: Pexels