Негативно оданочување е даночна и социјална политика, односно социјални програми, според кои семејствата што имаат годишен доход под определено егзистенцијално ниво, примаат од државата (од буџетот) додаток на тој доход за да можат да остваруваат определена егзистенција. Додатокот ce смалува за толку, колку што ce зголемува семејната заработувачка, т. е. семејниот доход. Таканареченото негативно оданочување содржи неколку белези:

1. има егзистенцијален карактер, т. е. на семејствата со ниска економска моќ и на сиромашните им обезбедува определена издршка, a со тоа ce поддржува и еден минимален животен стандард;

2. претставува социјална помош;

3. врши редистрибутивна функција;

4. ги смалува социјалните разлики за да ce ублажат социјалните напнатости во општеството.

Фото: Pexels