Фото: Pexels

Неликвидност е неспособност или неможност компанијата навремено да ги исплаќа обврските во достасаниот период.

Неликвидност е различно и треба да се разликува од инсолвентност. Инсолвентно е претпријатие кое должи повеќе отколку што има и побарува, не може да добие нови заеми, така што не може да ги исполни своите обврски.

Неликвидно, пак, е претпријатие кое што побарува повеќе отколку што должи, но не успева да ги собере побарувањата, така што останува без ликвидни средства.

Дури и претпријатие со многу имот, земја, недвижности или машини може да се соочи со презадолженост, доколку тој имот не може брзо да се претвори во пари.

Неликвидноста во пошироки општествени размери се јавува кога некои од главните чинители се инсолвентни и не плаќаат, предизвикувајќи притоа ланец на неликвидност кај своите повереници.

Во т.н. инвестициски свет, неликвидноста се однесува на имот којшто не може едноставно да се замени за пари. Тоа може да биде причина да нема доволно заинтересирани кои би го купиле имотот.

Имотот може да изгуби дел од својата ликвидност за време на државно-политички или пазарни превирања. Пример, често се случува државните недвижности да станат слабо ликвидни во случај кога во државата нема позитива политичка клима.