Норма преставува стандард, односно големина на работна задача што треба да ja заврши работникот или група работници, утврдена врз основа на објективни критериуми.

Нормирање во потесна смисла значи утврдување на работните норми на одделни работни места на кои работниот ефект може да ce мери и квантифицира. Работна норма, пак е однапред одреден работен ефект што треба да ce оствари од еден или од повеќе работници за одредено време.

Работната норма може да ce одреди на два начини:

  • Норма во време и
  • Норма во количество

Првата претставува пропишано време на траење на работната задача без оглед колку време работникот ќе помине на работа, односно пропишано време за кое работникот треба да сврши некоја работа или да произведе единица производ.

Втората означува утврдено количество производи што работникот треба да ги изработи за единица време.

Фото: Pexels