Фото: Pixabay

Оперативниот буџет го покажува бизнис планот на приходите и расходите, а истиот е дел од главниот буџет, којшто пак се состои од финансиски или паричен буџет и капитален буџет или буџет за капиталните инвестиции.

Оперативниот буџет вклучува:

– предвидувања на продажбата на производите/услугите

– проценка на трошоците за производство/развој

– проценка на оперативните (административни) трошоци и секако трошоците на продажбата

– распоред на производството и буџетот на добивка на планираните активности.

Прогнозата за продажбата ги почитува сите економски услови, вклучувајќи го и степенот на конкуренција на пазарот. Тоа претставува основа врз којашто понатаму се заснова распоредот на производството врз основа на производи што се определени со трошоците за производство и административни и продажни (оперативни) трошоци.

Сите резултати на оперативниот буџет се синтетизираат во рамките на буџетот на добивката/загуба (приходи)

  • Буџет на продажбата – почетна точка во изготвување на мастер буџетот
  • Буџет за производство (изразен со бројот на единици што планираме да бидат произведени)
  • Буџет за трошоци на производство
  • Буџет за индиректни трошоци
  • Буџетот за добивка и загуба

Сите резултати на оперативен буџет се сумираат во буџетираниот Биланс на успех – како клучен индикатор за ефикасноста на планираните активности.