Фото: Pexels

Општествено богатство се создадените материјални добра од луѓето во повеќе години, со кои располага една општествена заедница во определено време. Општественото богатство е произведено богатство, резултат на човечкиот труд, наспроти природното богатство што претставува дар од природата, чиешто формирање не е резултат на човечкиот труд. Меѓутоа, природното богатство е услов за производство.

Преку процесот на трудот, природното богатство ce преобразува во општествено богатство. Токму затоа треба да ce прави разлика меѓу природното и општественото богатство. Низа економски неразвиени земји располагаат со огромни природни богатства, но поради неразвиеноста на производните сили не можат да ги користат, па ce наоѓаат во сиромашна состојба.

Општественото богатство ce состои од:

1. материјални добра што вршат функција на средства за производство и го сочинуваат производниот потенцијал на една заедница. Од неговиот обем, структура и квалитет, ќе зависи колку ќе може да произведува една заедница за определено време (за една година);

2. средства за лична потрошувачка (станбени згради, покуќнина, училишта, болници и разни други потрошувачки добра), што го сочинуваат потрошувачкиот капитал на една заедница.