Фото: Pixabay

Под отпис на долг се подразбира кога доверителот се откажува од износот на средства што му ги должи другата страна (должникот) и притоа нема да бара исполнување на истиот.

Долговите претставуваат една од основите категории во сметководството и ги подразбираат сите долгови коишто ги има една фирма. Евиденција на долговите се води во секоја сметководствена книга, со цел сите долгови што ги има фирмата да се прикажат реално во секое дадено време.

Проверка, евиденција на долговите се води со попис на сметководствените книги, којшто не подразбира попис само на финансиите како приход, туку, општо за се, па така и за висината на долговите.

Отписот на долгови се врши врз основа на пописот, кога надлежна комисија утврдува дека во извесен даден период нема да дојде до одлив на дел од средствата по основ на долг, па таквите обврски се одлучува да се отпишат. Врз основа на предлог на комисијата, овластениот застапник донесува одлука за отпис на долговите.

Пред се, отписот на долгови настанува како резултат на застарени обврски.