Пазарна цена претставува цена на определена стока или услуга што ce формира во определено време на пазарот, под дејство на понудата и побарувачката. Таа уште се нарекува и тековна цена.

Co оглед на тоа што во текот на времето пазарната цена ce менува во зависност од понудата и побарувачката, во анализата на реалното движење на цените, со исклучувањето на инфлацијата, ce добива постојана (константна) или базна цена.

Постои разлика, меѓу природна, внатрешна (нормална) цена и пазарна цена.

Пазарната цена е краткотрајна појава, којашто под дејството на понудата и побарувачката ce колеба околу природната или нормалната цена, којашто претставува гравитациона точка. Таа нормалната цена ce нарекува вредност. Во зависност од квантитативните односи меѓу понудата и побарувачката, пазарната цена осцилира околу пазарната вредност на стоката во простото стоковно производство.

Независно од видот на стоковното производство, оние производители чиишто стоки имаат пониска индивидуална вредност од пазарната цена, преку пазарот, освен својата вредност, остваруваат уште и екстра
вредност – екстра профит.

Oд друга страна оние производители чиишто стоки имаат повисока индивидуална вредност од пазарната цена, губат дел од својата вредност.