Фото: Pixabay

Писмото на намери најмногу се користи во меѓународната деловна пракса и не претставува посебен преддоговорен облик на разбирање на двете страни. Овој вид на договор нема правно дејство или исполнување на обврски од договорот.

Сепак, писмото на намери може да биде и правно обврзувачко, под услов да ги содржи основните елементи на договорот.

Во основа, во писмото на намери, двете страни ја наведуваат заедничката цел, своите права и обврски, методите коишто ќе се применуваат, евентуално вложени средства, вложен труд, знаење…

Честопати, за писмото на намери се вели дека една од неговите најголеми предности е тоа што претставува еден вид тест дали воопшто двете страни можат да соработуваат. Доколку се падне на тој тест, јасно ќе биде дека нема иднина за заедничкиот проект за коштој би се потпишало писмото на намери.

Во праксата, писмото на намери се јавува под разни имиња и облици.

Практично, писмото не е договор, туку еден вид писмен договор во којшто идните договорни страни се согласуваат со одредени договорни одредби коишто ќе бидат предмет на договарање или преговарање.