Фото: Pexels

Според теоријата за економски кризи, што е карактеристична за класичниот капитализам, полет претставува фаза од стопанскиот циклус којашто ce надоврзува на фазата оживување, a завршува со избивање криза од хиперпродукција. Co почнувањето на процесот на вложување нови инвестиции (да ce врши проширена репродукција), почнува фазата полет.

За фазата оживување е карактеристична само замената на основниот капитал. Co новите инвестиции ce поттикнува целокупната побарувачка (за средства за производство, за работна сила и за средства за живот) со што зема замав сето стопанство. Цените на стоките растат, a заедно со тоа и профитите. Бидејќи побарувачката за работна сила расте, ce зголемуваат и наемнините. Пазарните движења даваат стимул за инвестирање. Основата на полетот ja сочинува големиот замав на нови инвестиции што ce одвиваат на сите сектори.

Стопанството ce развива cè повеќе и повеќе, додека по извесно време не заврши со подлабока криза од претходната. Co новите инвестиции ce јавува дополнителна побарувачка за средства за производство, за работна сила и за средства за живот. Co оглед на тоа, должината на полетот, како фаза од стопанскиот циклус, зависи од должината на изградбата на новите објекти во кои ce вложуваат новите инвестиции.