Фото: Pexels

Презадолженост претставува загуба на кредитна способност поради премногу користење на позајмени средства. Презадолженоста како апсолутна категорија не постои, односно не постои нивото на задолженост кое би било неиздржливо за корисникот ако внимава структурата на вложување на позајмените средства според рочност и рентабилност да соодвествува на структурата на позајмените средства.

Постојат два облика на презадолженост: презадолженост од аспект на ликвидноста и презадолженост од сапект на рентабилност. Првиот облик на презадолженост покажува дека, иако претпријатието реализира поголеми приходи од имотот што го купило со кредит од што има обврски по камати, ликвидноста на тој имот не е доволна за да навреме ги исполнува обврските за отплата на главницата. Таквиот вид на презадолженост генерира неликвидност на корисникот. Вториот облик на презадолженост е многу поопасен иако по појавната форма е поблаг (помалку забележлив) од првиот.

Имено, корисникот и понатаму е во состојба да ги намирува преземените обврски, но тоа го прави на тој начин што еден дел од главницата го користи за намирување на камата. Ваквата состојба не може долгорочно да се одржува, посебно во ситуација кога уделот на кредитот во вкупната актива на корисникот е висок. Тогаш после определено време се јавува и неликвидност, што доведува до банкрот на претпријатието.