Фото: Pexels

Под принос се подразабира приход што се генерира од сопственост на имот, хартии од вредност и слично. Подразбира и род, приход од имот на пример од земјоделски култури, од берба, од жетва…На пример: оваа година има слаб принос на јаболка; висок принос од пченица; добар принос во пчеларството. Во посочените случаи принос се поистоветува со реколта.

Во економскиот речник најчесто под принос, се подразбира и приход што во основа значи целокупни средства добиени во определен период коишто подлежат на оданочување. Приоходот означува секое примање во пари или стока. Може да се оствари со привреден процес (производство, размена и слично) или со вршење на некое право (сопствеништво, рента, пензија и слично).

Приходи од имот и имотни права се приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

Во приходите од имот и имотни права се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на коишто се обврзал закупецот, односно подзакупецот да ги изврши за сметка на закуподавачот (адаптација, реновирање, сервисирање, поправки, соодветни вградувања на опрема, инсталации и слично).