Профитна стапка се дефинира како однос меѓу профитот и сиот вложен капитал.

Таа ce изразува во проценти и го покажува степенот на оплодување на сиот вложен капитал. Согласно на тоа профитната стапка го изразува степенот на рентабилност или ефикасност на капиталот.

Висината на профитната стапка е привлечната сила што ги ориентира сопствениците во која гранка да го вложат својот капитал. Врз висината на профитната стапка влијаат низа фактори, но најважни ce:

  • Висината на стапката на вишокот на вредноста,
  • Органскиот состав на капиталот
  • Брзината на обртот на капиталот
  • Економисувањето во примената на постојаниот (константниот) капитал.