Промет претставува процес на размена што ce изразува низ многубројните преобразби на вредноста на стоките и услугите во пари и обратно. Co преминувањето на непосредната размена, односно на трампата стока за стока во посредна, стока за пари за стока, размената добива форма на стоковен промет.

Во потесна смисла на зборот прометот е верижен процес на многубројни акти на продавање – купување, односно купување и продавање со посредство на парите. Прометот на стоки и услуги е посебна фаза во општествената репродукција, во којашто производството игра примарна улога. Toj е посредник меѓу производството и потрошувачката.

Прометот не врши производствена функција, не создава нова вредност, но учествува во нивната реализација. Од брзината на продажбата на стоките зависи брзината на обртот на индустрискиот капитал, а оттука доаѓа и годишната маса на профитот. Па, иако не врши производствена функција, тој врши повратно дејство врз производството. Следствена на тоа прометот има важна функција во општествената репродукција.

Фото: Pixabay