Фото: Pixabay

Под поимот фриленсинг (freelancing) се подразбира хонорарна или непостојана работа, па така оној кој се занимава со оваа работа е фриленсер, односно работи како хонорарец или слободен играч.

Најчесто тоа се луѓе кои немаат сопствена фирма, функционираат како физички лица. Не секоја професија ја нуди таа можност за таков вид на работа, па вообичаено фриленсерите се дизајнери, архитекти, програмери, новинари, преведувачи, уметници, фотографи…

Според некои истражувања, фриленсери кои најдобро заработуваат се: маркетинг менаџери; проект менаџери; веб девелопери; блогери; сметководители; тутори и подучувачи; менаџери на социјални мрежи; графички дизајнери на сајтови и апликации.

Меѓу главните предности да се биде фриленсер се:

  • Фриленсерот е сам свој шеф – тоа значи дека самиот го одредува работното време и местото каде што ќе работи. Има можност да избере за кого и со кого ќе работи.
  • Фриленсерот нема потреба од големи инвестиции – понекогаш за да може да работи, на фриленсерот му е неопходно да има лап топ, интернет врска, софтвер за работа. нема потреба да инвестира во скапа опрема, деловен објект и дополните активности што би носеле и дополнителни трошоци.
  • Фриленсерот има повеќе време за приватен живот – бидејќи најчесто работат од дома, немаат трошоци за секојдневно патување од дома до работа и обратно.

Освен што има предности, да се биде фриленсер значи и соочување со поголем ризик одошто ако некој е вработен во одредена фирма.