Рентабилност значи деловна успешност, односно ефикасност на деловниот процес. Кога зборуваме за рентабилност мислиме на остварување на што поголем профит со што помалку вложени средства

Показател на рентабилноста на капиталот е профитната стапка. Степенот на рентабилност на стопанските организации, ce изразува во проценти, а се одредува преку односот меѓу остварениот профит и вложените средства (основни и обртни). На тој начин ce добива стапка, којашто претставува показател на рентабилноста.

Co зголемувањето на профитот ce зголемува степенот на рентабилност.

Врз рентабилноста влијаат повеќе фактори, од кои следниве имаат особено значење:

  • Брзина на обртот на капиталот, односно на деловните средства;
  • Економисување со деловните средства;
  • Изградба на оптимални техничко – технолошки големини на производствени капацитети;
  • Оптимално користење на производствените капацитети;
  • Воведување повеќе смени (бидејќи без да ce зголемат основните средства, за бројот на смените ce зголемува производството).