Фото: Pixabay

Зборот репарација има широко значење и во основа подразбира поправка, обнова, повторно воспоставување одредена врска, надокнада, плаќање на оштета.

Во економијата под репарација се подразбира повторно воспоставување на одреден однос или обновување на процеси во компанијата.

Сепак, најчесто терминот репарација се користи во индустријата.

Во тој случај, репарацијата е една од неопходните компоненти коишто влијаат за намалување на трошоците на работниот циклус на индустриската опрема и може да придонесе за продолжување на векот на компонентите, да ги намали евентуалните дефекти, а репарацијата значително влијае и на подобрување на самодовербата на целиот систем.