Фото: Pexels

Сивата економија ја претставуваат сите економски активности кои се легални, но не се регистрирани и не се пријавени за даночни цели од страна на поединци, неформални групи или организаци.

Тука спаѓаат: вработување на луѓе “на црно”, не плаќање данок и слично. Ваквиот вид на економија не придонесува за развојот на државата, а вработените кои работат на сивиот пазар, немаат платено здравствено осигурување, ниту пензиско.

Сивата економија е присутна во сите земји, но далеку поприсутна е во земјите во транзиција.
Таа особено е присутна во индустриските и услужните сектори каде трансакциите и плаќањето со готови пари се вообичаен дел од работењето.

Вакви дејности се: градежништво, поправки на возила, поправки на домови,  изработка на мебел, молерски услуги, козметички и фризерски услуги, други занаетчиски работи, издавање на објекти под наем и слично.

Последици од сивата економија

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска “предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски. Таа ги нарушува правата на работно ангажирните луѓе, бидејќи не се осигурани и пријавени, а меѓу другото го поткопува и интегритетот на целиот даночен систем во една држава.