Фото: Pixabay

Сметкопотврда е белешка со којашто се потврдува купување на некоја стока.

Таа претставува документ којшто се издава кога се купува некој производ или услуга, а таа се плаќа во готово, при што сметкопотврдата служи да се оправда сметководствено трошокот што е направен.

Сметкопотврдата не е важечка, доколку на неа нема прикачено фискална сметка.

Во одредени ситуации сметкопотврдата претставува документ којшто може да послужи за вратен рекламиран производ, со којшто клиентот може да купи нешто друго во замена на истата цена.