Супергаранција е комерцијален поим со кој се означува втора банкарска гаранција со којашто друга банка гарантира на корисникот за веќе издадена банкарска гаранција од страна на првата банка.

Притоа втората банка гарантира дека определената обврска ќе биде исполнета.

Правно, во таков случај постојат две одвоени банкарски гаранции.

Ефектот од издавање на супергаранција на корисникот на банкарска гаранција се состои во тоа што корисникот со тоа стекнал уште еден должник, бидејќи освен банката којашто ја издала гаранцијата, и банката што ја издала супергаранцијата станува негов должник.