Тезаурирање претставува појава што означува повлекување на парите од оптек и чување, собирање во домаќинствата, стопанските организации и општествените установи.

Тезаурирањето претставува еден вид штедење, но ce разликува од штедењето што ce врши со вложување пари во банките врз основа на одредена интересна (каматна) стапка и од купување хартии од вредност, зашто ce повлекуваат парите од прометот и ce одзема нивната функција на разменско средство.

Co тезаурирањето ce смалува вкупното количество пари во оптек, па затоа може да има дефлаторно дејство.

Детезаурирање, пак, означува обратен процес од тезаурирање, т. е. пуштање во оптек на тезаурирани пари. Во таков случај е можно и инфлаторно дејство.

Фото: Pexels