Трговијата на големо ce занимава со набавка на стоки од производителите во големо количество и нивно продавање на трговијата на мало, на производствени претпријатија и на други големи потрошувачи.

Трговијата на големо може да ce занимава и со извоз и увоз. Исто претпријатие или фирма може да ги врши двете функции, како на големо, така и на мало.

Трговијата на мало ce занимава со набавка на стоки од трговијата на големо или од производителите и ги продава во мали количества, непосредно на потрошувачите преку продавниците.

Тие можат да бидат мали, но и големи стоковни куќи, со голем избор на разновидни стоки и во вид на самопослужувања.

Трговијата на големо може да врши функција и на трговија на мало, ако има своја мрежа на продавници.