Вкупниот приход може да се дефинира како вкупната сума пари, што стопанските организации ja остваруваат во деловниот процес за определено време.

Тој e микроекономска големина, наспроти бруто општествениот производ (БДП) што претставува макроекономска големина. Покрај вредноста остварена co продажбата на стоките и услугите, во
вкупниот приход влегуваат и други извори (од депозити итн.). Ако ce запостават овие приходи, тогаш големината на вкупниот приход зависи од остварениот физички обем на производството и од висината на цените по кои стопанските организации ги продаваат своите стоки и услуги.

Вкупниот приход ce менува co промените на обемот на произведените и продадените стоки и услуги и co промените на нивните цени. Од остварениот вкупен приход ce надоместува цената на чинење, односно трошоците. Остатокот го сочинува добивката,т.е. профитот.

Цената на чинење e еднаква на потрошените фиксни и обртни средства . Во обртни средства ce пресметува, покрај вредноста на предметот на трудот, и личниот доход т.е. наемнината односно платите на вработените.
Добивката го сочинува делот од вкупниот приход што останува над цената на чинење. Co остварувањето на цената на чинење во пари, ce врши обнова (проста репродукција) на деловниот фонд (капиталот) на
претпријатието.

Големината на добивката го покажува степенот на оплодување на капиталот, односно степенот на рентабилноста.