Фото: Pixabay

Буквалната дефиниција за тоа што претставува web hosting е “сместување за одредена интернет страница на глобалната мрежа“. Со тоа, овој термин би можел да се дефинира како домаќин на одредена страница на интернет.

Овој вид на услуга претставува простор на хард диск на сервер што е наменет за прикажување различни интернет содржини, а која што ја обезбедува hosting провајдер. Серверот постојано е поврзан на интернет, а хостинг провајдерот го задржува правото во текот на годината овој пристап да биде прекинат на кратко во случај кога е потребна надоградба на серверот или софтверот.

Web hosting нудат компании што се специјализирани за таа намена и кај кои клиентите може да закупат одреден простор на интернет сервер, во рамки со нивните потреби.

За да може еден клиенти да користи ваква услуга, потребно е да пронајде соодветен интернет провајдер, кој може да ги исполни неговите потреби. Најчесто интернет провајдерите на клиентите им нудат хостинг во рамки на основниот пакет за пристап на интернет. Пред да се донесе конечната одлука за избор, клиентот треба точно да знае што да очекува од својата интернет страница и дали има потреба од дополнителни услуги, бидејќи од тоа ќе зависи кој тип на хостинг му е неопходен.