Задржана добивка претставува дел од сосптвеничка главница на претпријатието, кој настанал со
акумулирање-задржување на дел од реализирана добивка во претходен пресметковни периоди.

Се наоѓа во пасивата од билансот на состојба и покажува вредност на капиталот на сопствениците на обични акции. На зголемување на задржаната добивка влијае нето добивката од пресметковниот период а на смалување влијае распоредувањето на дивиденди и евентуална загуба во тековниот пресметковен период.

Со задржување на заработката претпријатието би било во состојба да инвестира во фондови и, како резултат, би се очекувало да заработи повеќе од што заработило година дена пред тоа. За возврат, би се очекувало исплата на поголема дивиденда. Кога не би било никакво задолжување и кога сите заработки
би се исплатувале како дивиденди, не би постоеле нето инвестиции. Задржаната добивка се нарекува уште и акумулирана добивка.