Фото: Pexels

Зета анализа претставува модел на оценување на кредитната способност, бонитетот на заемопримателот. Овој модел го имаат развиено во 70-тите години од 20 век Altman, Haldeman и Narayana за процена на ризикот од банкрот на индустриските претпријатија.

ЗЕТА анализата комбинира класични мерки на успешност во работењето, соодносна анализа на билансот на состојба и билансот на успех, со дискриминаторска анализа и метод на мултиваријантна статистика.  Моделот се определува со анализа на историски податоци на две групи избрани претпријатија, тие кои банкротирале и тие кои успешно работат.

Анализата определува дискриминаторска функција во која се сместуваат вредностите на избраните соодносни претпријатија чија кредитна способност е потребно да се проценува. Со замена на односот се пресметува показателот (ZETA score) којшто укажува на тоа дали има анализарното претпријатие сличност со групата банкротирани претпријатија.

Зета анализата се применува во банкарската практика и се покажа поуспешна во предвидување на банкрот од класичната соодносна анализа.