Фото: Pixabay

Во ова брзо време на тон информации и технологија многу е важно да се најдат приоритети и да се одвои енергија и ресурси на вистински потребните работи. Некои луѓе веќе успеале во тоа, а еве што е заедничко за нив.

Знаат што е важно

Продуктивните луѓе умеат да направат разлика помеѓу важните и помалку важните работи. Според тоа го определуваат потребното време и на тој начин успеваат да го извлечат максимумот за секоја задача.

Го планираат денот

Без паметно планирање не можеме да бидеме експедитивни. Денот се започнува организирано и не се губи време на “што, како, од каде“ и слични прашања.

Брзо се враќаат во форма

Доколку некој ги прекине додека работат или нешто неочекувано ги спречи, многу брзо умеат да направат стратегија за повторно да бидат во форма и фокусирани за да ја завршат задачата докрај. Не дозволуваат ништо и никој да им застане на патот.

Умеат да постават приоритети

Важните работи им се секогаш завршени, а за оние другите знаат да делегираат. Не трошат време на задачи што некој друг може да ги заврши. Се фокусираат онаму каде што се најуспешни и каде што можат најмногу да понудат.

Добро се организирани

Имаат сè што е потребно за да најдат што сакаат, каде и како сакаат и за кратко време ја имаат информацијата што им е потребна. Кога сте неорганизирани трошите време на неважни работи како барање на телефонски број, имејл и слично… и тоа секако влијае на продуктивноста.

Ги имаат потребните “алатки“

Продуктивните луѓе ги обезбедуваат потребните уреди, простор, односно сите потребни ресурси за да се покажат во најдобро светло. Нивниот “терен“ за работа е целосно опремен што помага за да бидат максимално ефикасни.