Фото: Pixabay

Вработените се клучен фактор за развој на секоја компанија. Без разлика дали имате нов бизнис или веќе изграден бренд, остварувањето на вашите цели, секогаш ќе оди преку вашите вработени.

Затоа никогаш не им ги кажувајте овие реченици, доколку сакате да ги задржите.

Го немаш она што е потребно за…

Бидете ментор кој ги подржува своите вработени и човек од кој тие можат многу да научат. Не се преставувајте како негативен криткувач, кој и тогаш кога работата е одлично сработена, ќе најде замерки. Тоа најмногу ги демотивира вработените.

Немам време да зборуваме сега

Како бизнис лидер, се разбира дека имате милион обврски и состаноци и немате многу слободно време. Но, ако ги “отфрлите“ вработените кога ќе ви пристапат со прашање или загриженост, само ќе предизвикате незадоволство. Доколку во моментот навистина немате време, не велете “ќе зборуваме подоцна”, туку точно прецизирајте го времето за разговорот.

Тоа не е важно

Никогаш не ја користете оваа реченица. Пробајте активно да го слушате вработениот и да ги цените неговите сугестии, посебно ако ви презентира нов и ефективен начин на работење. Така, кога ќе го напушти состанокот ќе се чувствува ценет од ваша страна и ќе има уште поголем мотив за напредок.

Можеме во секое време да најдеме некој кој ќе те замени

Без разлика дали ја коментирате работата на некој колега и го прашувате вашиот најдобар вработен дали може да најдете замена за него, ова само по себе прави несигурност кај сите ваши вработени. Затоа не бидете изненадени ако дел од нив си дадат отказ, по ваквата ваша изјава.