Кога преговарате за плата многу е важно да бидете јасни и концизни за да избегнате била какви непријатни моменти.

Еве неколку зборови и фрази што треба да ги одбегнувате.

Моментално заработувам…

Не кажувајте колку заработувате, барем не точната сума. Во спротивно понудената плата нема многу да се разликува од цифрата што сте ја кажале.

Мојата посакувана плата…

Не кажувајте заокружена цифра веднаш. Прво разгледајте ги другите бенефиции што компанијата ги нуди. Доколку нешто недостасува или не се онакви какви што очекувавте тогаш можете да барате повисока плата како компензација.

Извинете

Зборот “извинете“ може да испрати сигнал дека не сте сигурни и има шанси да се повлечете. Одбегнете го, доколку ја сакате работата. Во преговарањата извини ја усложнува работата.

“Не“ и останатите негативни зборови

Не тоа нема да ми одговара… и слични негативни реченици и зборови не ви одат во прилог кога преговарате за плата. Употребувајте позитивни алтернативи. На пример… Подобро би било доколку…

Повеќе, сакам повеќе…

Наместо да кажете сакам повеќе плата или повеќе денови одмор… ова е моментот да бидете јасни и конкретни. Кажете колку точно сакате без разлика за што станува збор.