Ако сакате навистина да добар одмор, одлична доза на забава и полни батерии за обврските што ќе ве чекаат еве пет добронамерни совети што треба да ги примените.

Добра подготовка

Не ги оставајте подготовките за последниот ден. Пред да заминете на одмор, добро испланирајте и подгответе се како што треба. Сработете се што треба, завршете ги обврските зошто одморот треба да биде навистина одмор. Не дозволувајте да оставите нешто недовршено и потоа постојано да ви прелетува низ глава мислата  “и што сега.“

Направете нешто сосема поинаку

Одморот треба да биде нешто поинакво од секојдневната рутина. Нема да станете кога треба, нема да појадувате тоа што вообичено јадете, нема да дозволите некој да ви наредува… Едноставно ќе направите промена и верувајте дека ќе ви годи. Многу анализи покажале дека “прекршувањето“ на вообичените навики води кон поголема креативност. А тоа е она што ќе ви биде потребно кога ќе се вратите од одмор.

Не претерувајте

Што и да правите додека сте на одмор, потрудете се да биде во умерени количини. Забавувајте се, но не дозволувајте од одмор да се вратите уморни. Запомнете, треба да наполните батерии, работните обврски нема сами да се сработат. Умереноста е клуч за многу работи во животот, затоа гледајте да ја примените и во овој случај.

Понастрана од потсетници и технологија

Тргнете се што би ви сметало да си го истерате одморот како што треба. Не проверувајте мејлови и исклучете ги нотификациите поврзани со работата. Едноставно пред да заминете известете ги сите дека нема да бидете во канцеларија во одреденото време. Така телефонот нема да ѕвони, а вие ќе можете целосно да се исклучите од работата.

Правете го тоа во што уживате

Одморот е создаден да се препуштите на тоа што го сакате, да бидете со оние кои ги сакате. Затоа во тие неколку дена посветете се само на она што ве прави среќни. Без разлика дали е одредена активност, дестинација, дружба со драги луѓе, бидете дел од тоа и “зграпчете“ колку можете повеќе. На крајот на краиштата треба да го правиме тоа во што уживаме, макар и на неколку дена.