Фото: Pixabay

Компаниите што имаат традиционален пристап, каде што содржините и деловните програми се инсталирани локално кај корисникот на компјутер, имаат пристап до тие содржини само ако го имаат компјутерот пред себе или ако се наоѓа во самата компанија. Следење, проверка и дополнување на документацијата е невозможно доколку е надвор од компанијата, а надоградбата на програмската опрема е скапа и комплицирана.

Поради работа на еден или повеќе корисници на различни локации се јавува потреба за програмско решение што овозможува полесно вмрежување во реално време.

Cloud computing претставува современ концепт што нуди нов пристап до лични податоци и апликации, што не се сместени во компјутерот, туку во “облак“. Тоа значи дека програмите и целокупната документација се достапни од различни уреди, во било кое време и од различни локации. Сè што е неопходно е интернет.

Како резултат на тоа, корисниците на услугите во “облак“ податоците можат многу полесно, побрзо и поедноставнo да се користат или менуваат.

При користење на програмски услуги во “облак“, можноста да се загубат податоците е прилично мала, особено ако давателот на услугата користи различни сигурносни механизми, дневна бебзедносна копија на податоците, па ризик практично не постои.