Фото: Pexels

Банкарски резерви претставуваат резерви на деловни банки што служат за обезбедување на нивна ликвидност или како инструмент на монетарно-кредитната политика со којашто се регулира кредитната активност на банките и количината на пари во оптек. Обично се дели на резерва на ликвидност и на задолжителна резерва.

Висината на едната и другата резерва по правило ја определува Централната банка во облик стапка на резерва на ликвидност или задолжителна резерва, што претставува процент од определени депозити кои банките ги издвојуваат и се должни да ги држат на својата сметка (жиро сметка или сметка за задолжителна резерва) кај Централната банка.

Со висината на стапката на овие резерви се стекнува мултипликација на депозитите и кредитна експанзија на банките и тоа така што пропишани се повисоки стапки на резерви на банките, со што тоа претставува можност да се добие помала кредитнодепозитна мултипликација.

Во некои земји политиката на резерви и задолжителна резерва на банките претставува главен инструмент на монетарно-кредитната политика, а се применува линеарно спрема сите банки.